САД воведоа и економски санкции за 17 Саудијци поради убиството на Кашоги

Од:

САД, покрај забраната за патување, денеска воведоа и економски санкции за 17 државјани на Саудиска Арабија, кои се осомничени дека учествувале во убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Генералниот конзулат на арапското кралство во Истанбул.

Според новите санкции, целиот имот на овие лица се замрзнува, а на Американците им е забрането да соработуваат со нив.

– Саудиските претставници кои ги санкциониравме се вмешани во ужасното убиство на Џамал Кашоги, изјави министерот за финансии Стивен Мнучин, додавајќи дека тие треба да одговараат за „бруталното убиство“. Тој побараа од саудиската Влада целосна истрага за убиството на Кашоги.

Стејт депратментот, потврдувајќи ги санкциите, соопшти дека овие лица „се обвинети за сериозно кршење на човековите права со нивната улога во убиството на Џамал Кашоги“, што се случи на 2 октомври.

Санкциите се воведени согласно Законот Магнитски, донесен во 2012 година, со кој се предвидуваа казни за крешење на човековите права и корупцијата во Русија. Oпсегот на Законот стана глобален со измените во 2016, со што американската Влада може да санкционира нарушители на човекови права насекаде низ светот.

Во моментот на убиството на Кашоги, овие лица извршувале функции во Кралскиот суд и неколку саудиски владини министерства и канцеларии, се вели во соопштението на Стејт департментот.
The entrance of the main offices of the United States Department of State located on C St in Washington, DC. which was recently named the Harry S. Truman Building. (Photo by Greg Mathieson/Mai/Mai/Time Life Pictures/Getty Images)

Прв на листата е Сауд ал-Кахтани, кој беше еден од блиските советници на престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман, одговорен за неговиот имиџ на социјалните мрежи.

Според американските власти, тој бил „дел од планирањето и извршувањето на операцијата што доведе до убиство“ на Кашоги. Според некои извори, Ал-Кахтани раководел со убиството преку Скајп.

Поради убиството, ал-Кахтани и уште четворица други советници на принцот Мохамед бин Салман во октомври беа отстранети од служба. Некои од нив се наоѓаат на листата на санкционирани.

– Глобалниот Закон „Магнитски“ им дозволува на САД да преземаат чекори за заштита и промоција на човековите права и борба против корупцјата низ целиот свет, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Во текстот се укажува дека ова е важен чекор во одговорот на САД за убиството на Кашоги.

– Стејт департментот ќе продложи да трага по сите релевантни факти, ќе се обраќа до Конгресот и ќе работи со останатие земји да ги изнесе пред лицето на правдата сите инволвирани во убиството на Јамал Кашоги, се истакнуваат во соопштението.

Властите во Ријад во врска со убиството на Кашоги притворија 21 лице, а саудиски обвинител најави дека за пет лица ќе биде побарана смртна казна.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас