САД со помош од 15 милиони долари за Палестинците, нaмeнети за борба против Ковид-19

Од:

САД најавија помош од 15 милиони долари за Палестинците на Западниот Брег и Појасот Газа за подобро да можат да се справат во борбата против Ковид-19.

Американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд, на синоќешната средба на Советот за безбедност на ООН изјави дека парите од американската Агенција за меѓународен развој ќе ги поддржат напорите на Службата за католичка помош (Catholic Relief Services) за помош против Ковид-19 во здравствените установи и ќе им помогнат на ранливите семејства на Западниот Брег и во Појасот Газа.

Покрај тоа, ќе бидат поддржани напорите за обезбедување храна поради недостигот предизвикан од пандемијата.

Како што е наведено, „оваа итна, неопходна помош е дел од обновената посветеност кон палестинскиот народ“, што исто така „ќе донесе поголема стабилност и безбедност и на Израелците и на Палестинците“.

Набрзо по инаугурацијата на Џо Бајден, новата администрација најави обнова на односите со Палестинците, откако претходниот претседател – Доналд Трамп, на Израел му пружи поддршка без преседан и го призна Ерусалим како главен град на еврејската држава, ја пресели таму својата Амбасада од Тел Авив и се откажа од ставот дека еврејските населби на Западен Брег се нелегални. Новата администрација најави дека обновената поддршка значи и враќање на поддршката за моделот – два народи – две држави.

Претставникот на ОН за Блискиот исток Тор Венесленд изјави пред Советот за безбедност на ООН дека „Ковид и натаму е разурнувачки на палестинските територии“ и дека условите за живот се сериозно нарушени поради влијанија врз здравјето, ограничувања, затворање на училишта и намалена комерцијална активност

Палестинското Министерство за здравство минатата недела започна со имунизација против коронавирусот со првите од 61.400 дози добиени преку иницијативата на Светската здравствена организација – Ковакс.

Досега, палестинските власти обезбедија само 10.000 руски вакцини Спутник В и 2.000 вакцини Модерна од Израел за околу три милиони Палестинци кои живеат на Западниот брег. Меѓутоа, во текот на изминатите недели Израел вакцинираше повеќе од 100 илјади Палестинци од Западниот Брег кои имаат дозвола за работа во еврејската држава.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он