САД се повлекуваат од Парискиот договор за климата доколку условите во него не се променат

Од:

Белата куќа повторно соопшти дека САД ќе се повлечат од Парискиот договор за климата доколку условите во него не се променат, пренесоа француските медиуми.

„Нема никаква промена во позицијата на САД во однос на Париската спогодба“, изјави вчера портпаролката на Белата куќа, Сара Хакаби Сандерс, во писмено соопштение.

„Како што претседателот повеќепати јасно кажа, САД се повлекуваат, освен доколку не можеме повторно да се приклучиме кон него, но под поповолни услови за нашата земја“, дополни таа.

Овој став беше лиферуван откако весникот „Волстрит џорнал“ го цитираше Мигел Ариас Канете, високо позициониран европски претставник за климата, со ставот дека САД нема „да ја попречат Париската спогодба, туку ќе се обидат да ги преразгледаат условите под кои можат да преземат ангажмани во рамки на актуелната спогодба“, пренесе ДПА.

Канете вчера во Монтреал се сретна со министри од околу 30 земји, за да разгледаат какви чекори да се преземат за примена на спогодбата од Париз од 2015 година.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија