Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

Од:

Белата куќа и нареди на американската војска да подготви опции за зголемување на бројот на американски војници во Панама за да се постигне целта што ја постави претседателот Доналд Трамп, а тоа е да го „врати“ Панамскиот канал под американска контрола.

Ова ексклузивно го објави NBC News, повикувајќи се на двајца американски претставници запознаени со плановите.

Трамп во своето обраќање пред Конгресот минатата недела најави дека неговата администрација ќе го „обнови Панамскиот канал“ со цел „понатамошно зајакнување на националната безбедност“ на САД.

Оттогаш никој од американските официјални лица не зборуваше што значи ова „враќање“.

Извори на NBC News рекоа дека Јужната команда на американската војска развива потенцијални планови кои се движат од поблиско партнерство со панамските безбедносни сили до помалку веројатната опција американските трупи насилно да го преземат Панамскиот канал.

„Дали ќе се користи воена сила зависи од степенот до кој панамските безбедносни сили ќе се согласат на партнерство со Соединетите држави“, изјавија официјални лица за американската телевизија.

Тие додаваат дека целта на администрацијата на Трамп е да го зголеми американското воено присуство во Панама за да го намали влијанието на Кина во земјата, а особено пристапот на Пекинг до каналот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Резервоар со 300.000 литри течност пукна во фабрика во САД, има мртви

Катерина Ѓуровски

Резаи: Ако продолжиме со војната, ќе им го загорчиме животот на американскиот народ

Иран: Американски авиони ги нападнаа нашите бродови, има мртви

(ВИДЕО) Има загинати во израелско-американскиот напад врз Иран

Иран: Нема договор без ослободување на замрзнатите средства

Горан Наумовски

Цел на американскиот напад е иранскиот град Бандар Абас

Горан Наумовски