САД при воздушен напад во Авганистан убија цивили

Од:

Мисијата „Одлучна поддршка“ предводена од НАТО, соопшти дека во воздушниот напад на САД, што беше побаран како поддршка за авганистанската специјална едница, која се бореше со напаѓачите на кабулскиот аеродром, загинаа пет цивили, за кои претходно беше јавено дека се повредени.

Во соопштението на Мисијата е наведено дека цивилните жртви се последица на грешка при лансирање на ракета. Не се дадени повеќе детали за случајот.

Повеќе ракети и минофрлачки гранати вчера беа истрелани врз аеродромот во Кабул додека таму слетуваа американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

И талибанците и Исламска држава преземаа одговорност за нападот, преку соопштенија објавени на социјалните мрежи, при што талибанците тврдат дека стрелале директно врз авионот на Матис.

Според очевидци Матис и Столтенберг не биле во директна опасност од нападот.

Тие на вчерашната средба со авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја потврдија својата поддршка за обезбедување на мирот во Авганистан и за спречување на ширењето исламистички групи во земјата.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти