САД ѝ порачаа на Русија: Ќе има последици ако почине Навални

Од:

Џејк Саливен, советник на американскиот претседател Џо Бајден, за Си-ен-ен изјави дека Владата ѝ порачала на Русија дека ќе има последици доколку почине Алексеј Навални.

Навални, еден од најголемите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, почна да одбива да консумира храна на 31 март во знак на протест, бидејќи затворската управа не дозволувала да го прегледа лекар по негов избор, поради болки во рбетот и во нозете, пренесе Ројтерс.

Тој беше осуден на две и пол години затвор во февруари годинава поради прекршување на условната казна, а беше уапсен на аеродром, кога се враќаше од Германија, каде што се опоравуваше од труење во Русија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија