САД нудат десет милиони долари за информации поврзани со претседателските избори на кои победи Трамп

Од:

Стејт департментот понудил награда од десет милиони долари за информации за бизнисменот Евгениј Пригожин и Агенцијата за истражување на Интернет (ИРА), кои се осомничени за мешање во претседателските избори во САД.

САД преку програмата Награди за правда понудиле средства за да се добијат информации за ИРА и Пригожин, како и за други субјекти осомничени за мешање во претседателските избори во 2016 година на кои победи Доналд Трамп, јавуваат американските медиуми.

Според американскиот Стејт департмент, Пригожин е руски државјанин кој наводно обезбедувал средства за ИРА преку компании што ги контролирал. Како што се додава, ИРА веќе започнала со операции во 2014 година за мешање во американскиот политички систем, вклучително и на претседателските избори во 2016 година со „стратешка цел да сее раздор“.

Како републикански кандидат на изборите во 2016 година, Трамп ја победи поранешната државна секретарка на САД, демократката Хилари Клинтон.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски