САД нема да бидат изненадени од евентуалното истрелување на севернокорејска ракета

Од:

Евентуалното истрелување на ракета од страна на Северна Кореја нема да претставува изненадување за Вашингтон, изјави денеска портпаролот на Белата куќа Џеј Карни.

– Нема да бидеме изненадени, доколку тие постапат на таков начин, истакна Карни.

Тој ја даде оваа изјава во врска со веста дека Северна Кореја веќе ја распоредила втората ракета со среден дострел долж источното крајбрежје.

Пјонгјанг денеска предупреди дека во случај на судир, по 10 април нема да може да ја гарантира безбедноста на дипломатските мисии.

Двете распоредени ракети со среден дострел, наречени Мусудан, беа претставени за прв пат на воената парада во октомври 2010 година. Теоретски тие можат да достигнат цели на три илјади километри, однос во Јужна Кореја или Јапонија. Во случај полнењето да биде послабо тие можат да достигна цели и на четири илјади километри, на пример до пацифичкиот остров Гуам, каде се распоредени шест илјади американски војници.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња