САД нема да бараат дозвола од Дамаска за напади врз Исламската држава

Од:

Вашингтон нема намера да бара дозвола од Дамаск за воздушни напади врз позиции на групата Исламска држава на сириска територија, бидејќи владата на претседателот Башар ал Асад е „нелегитимна“, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент Мари Харф.

Изјавата на Харф претставува реакција на ставот на сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем дека какви било американски воени акции во Сирија без одобрение од властите во Дамаск ќе претставуваат агресија.

Според Харф, САД планираат да извршат напади во Сирија само на позиции на Исламската држава, а што се однесува до властите во Дамаск, според Вашингтон, Асад веќе одамна нема легитимност како претседател на Сирија.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски