САД: Мугабе ги изневери надежите на својот народ

Од:

Поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе, „помогна да се ослободи Зимбабве“, но потоа „ги изневери надежите на својот народ“, оцени САД по повод смртта на тој државник.

– Искажуваме сочувство на оние што жалат за загубата на поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугаб“, рече портпаролката на американското Министерство за надворешни работи, Морган Ортагус. Сепак, таа посочи на „кршењето на човековите права на Мугабе и лошото економско управување што осиромашија милиони Зимбабве“.- Ние продолжуваме да ги поддржуваме аспирациите на народот на Зимбабве за подобар и попросперитетен живот, рече таа.

Поранешниот претседател на Зимбабве, кој почина вчера на 96-годишна возраст, е прогласен за „национален херој“, објави шефот на државата Емерсон Мнангагва. Тој го наследи Мугабе на чело на земјата, откако армијата излезе на улиците и по протестите на граѓаните во ноември 2017 година.

– Зану-ПФ, партија на власт од 1980 година, се состана и му додели статус – заслужен национален херој, рече Емерсон Мнангагва во телевизиското обраќање.

Тој додаде дека земјата ќе биде во жалост се до погребот на Мугабе, чиј датум се уште не е објавен.

Мугабе почина во болницата во Сингапур, каде што се лекуваше од април. На власт беше 37 години.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени