САД ќе отвораат воена база во Полска

Од:

Потсекретарот за одбрана на САД задолжен за политички прашање Џон Руд на средби во Варшава со првите луѓе на полската одбрана, разговарал за отворање на американска воена база во Полска.

На средбата било договорено распоредувањето на американските сили да се случи најдоцна до септември годинава.

– Настапивме со многу сериозен предлог и неделава разгледуваме некои технички детали околу тоа. Се надеваме дека средбата ќе резултира во цврста основа за понатамошна соработка, изјави портпаролката на Руд, Кејти Вилбергер пред членовите на Комисијата за вооружени сили на Претставничкиот дом.

Според неа, ако Полска го прифати предлогот, Стејт департментот ќе продолжи со изработка на договорот. Вилбергер, сепак, не откри детали од американскиот предлог до Полска за отворање на воената база.

При посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Полска, лани во септември, тој и неговиот полски колега Анджеј Дуда се договорија за проширување на соработката во сферата на одбраната и разузнавањето и најавија можно отворање на американска воена база во Полска.

Руското Министерство за надворешни работи тогаш изјави дека овие планови се насочени против Русија.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски