САД испраќаат беспилотен разузнавачки авион во Јапонија да ја набљудува Северна Кореја

Од:

Американската армија ќе постави шпионски беспилотен авион во една од своите бази во Јапонија, со цел да го зајакне набљудувањето на Северна Кореја, за која има сомневања дека се подготвува да истрела ракета.

Еден „Глобал хок“ ќе биде испратен во воено воздухопловната база Мисава во северниот дел на Јапонија, што е првпат ваков вид на авион да биде поставен на архипелагот, пишува јапонскиот весник „Санкеј шимбун“.

Војската на САД ја информирала Јапонија минатиот месец за своите планови да испрати ваков авион во периодот меѓу јуни и септември, но плановите биле забрзани поради активностите на Северна Кореја, која се повеќе им се заканува на соседите и САД.

Според јужнокорејските медиуми, Пјонгјанг веќе ја поставил втората ракета со среден дострел „Мусудан“ на својот источен брег. Ракетата првпат е претставена на воена парада во октомври 2010 година, има дострел од 3.000 километри, со капацитет да достигне до Јужна Кореја или Јапонија. Со лесно полнење таа би можела да прелета и 4.000 километри и во најлош случај да го погоди островот Гуам во Тихиот Океан, каде се наоѓаат важни американски воени бази.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња