САД испраќаат 400 војници да ги обучуваат силите на умерената сириска опозиција

Од:

САД пролетва ќе испратат 400 војници на Блискиот исток, кои ќе ги обучуваат силите на умерената сириска опозиција, пренесоа американските медиуми, цитирајќи го портпаролот на Пентагон, Џејмс Бриндал.

За испраќањето на американски војници вчера информира и Елиза Смит, претставник на американското Министерство за одбрана. Според неа, американските специјалци ќе бидат разместени во Саудиска Арабија, Турција и Катар.

-Нивниот број може да варира во зависност од поставените задачи, додаде таа, цитирана од ТАСС.

Смит, меѓутоа, не прецизира како ќе изгледаат подготовките.

Американските меидуми потсетуваат дека минатиот месец претседателот Барак Обама го потпиша законот што предвидува значителни трошоци за одбраната, а во него е вклучена и борбата со џихадистите од Исламска држава.

Законот дава зелено светло и за обучувањето и вооружувањето на борците на умерената сириска опозиција, кои веќе две години водат борби со екстремистите, како и пет милијарди долари за обуката на ирачките сили, кои, исто така, се борат против џихадистите, кои под своја контрола ставија големи територии во двете земји.

Обама претходно даде одобрение за испраќање во Ирак на 3.000 американски војници, кои ќе ја подготвуваат ирачката армија за борба со Исламска држава.

Во моментот во Ирак се наоѓаат 2.100 американски војници, забележува ТАСС. 

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас