САД им доделуваат „статус на привремена заштита“ на Украинците

Од:

САД соопштија дека ќе им доделат „статус на привремена заштита“ на Украинците во земјата во следните 18 месеци.

Потегот на Министерството за внатрешна безбедност им овозможува на Украинците кои моментно се наоѓаат во САД да останат во земјата и ја отстранува заканата од депортација.

– Намерниот и неиспровоциран напад на Русија врз Украина доведе до тековна војна, бесмислено насилство и ги принуди украинските бегалци да бараат засолниште во други земји, истакна секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас.

– Под овие вонредни околности и тешки времиња, ние ќе продолжиме да ја нудиме нашата поддршка и заштита на украинските граѓани во САД, додаде Мајоркас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина