Претседателите на САД и на Кина, Барак Обама и Си Џинпинг се договорија вчера двете земји да дадат свој придонес во борбата против климатските промени, со намалување на емисијата на хидрофлуоркарбонатите, соопшти Белата куќа.
Во соопштението се наведува дека намалувањето на емисијата на ова хемиско соединение може до 2050 година да го намали за околу 90 гигатони емитувањето на јаглерод диоксид во атмосферата.
Хидрофлуоркарбонатите се користат во ладилниците и клима уредите. Согласно Монтреалскиот протокол од 1987 година тие почнаа масовно да се употребуваат, со цел да ги заменат хемикалиите, кои предизвикуваат уништување на озонскиот слој. Но истовремено хидрофлуоркарбонатите се голем извор на емисија на гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.