САД и ЕУ за заострување на санкциите кон Иран

Од:

Европската унија и САД се подготвени да ги заострат санкциите против Иран, со надеж дека ќе го убедат Израел да не нападне превентивно врз иранските нуклеарни објекти, рекоа дипломати во Генералното собрание на ОН.

Станува збор за зголемување на притисокот врз Техеран за кој Западот и Израел се сомневаат дека сака да произведе атомска бомба под маската на цивилна нуклеарна програма. Но тоа е, исто така, убедување на Израел да покаже воздржаност по црвената линија каја ја повлече нејзиниот премиер Бенјамин Нетанјаху на говорницата во Собранието во четвртокот.

Телефонскиот разговор на Бенјамин Нетанјаху со Барак Обама убеди некои дипломати во подударноста на позициите на Израел и Вашингтон, но театралниот гест на Нетанјаху ги доведува до сомнеж неговите намери. Тој рече дека Иран може да има доволно збогатен ураниум за да произведе бомба до средината 2013 и побара да му се одреди јасна црвена линија која не смее да биде пречекорена.

Израел истакнува дека неговото трпение има граници, бидејќи израелските претставници не веруваат дека веќе донесените санкции ќе го скршат Техеран.

Иран е на работ на економски колапс поради меѓународните санкции а се зголемува и бројот на протести против ајатолахот, но санкциите не го обесхрабрија режимот на власт во Техеран да продолжи со нуклеарните амбиции, изјави вчера израелскиот заменик министер за надворешни работи Дани Ајалон.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут