САД и ЕУ почнаа паралелни преговори за спогодбата за слободна трговија и за американската шпионажа на сојузниците

Од:

Преговорите меѓу САД и ЕУ за спогодбата за слободна трговија почнаа денеска во Вашингтон во отежната клима заради откриената американска шпионажа, пренесе ДПА.

Канцеларијата на трговскиот претставник на САД потврди дека преговорите почнаа. За да ги оттргне европските стравувања дека САД ги шпионираат своите сојузници, двете страни се договорија да водат паралелни преговори за тврдењата за шпионажа, што се појавија од документите што ги откри Едвард Сноуден, поранешен соработник на ЦИА и на Агенцијата за национална безбедност, забележува ДПА.

Преговарачите ќе го соопштат официјалниот почеток на процесот, чија цел е да се создаде една од најголемите зони за слободна трговија во светот, што ќе обединува население од приближно 816 милиони луѓе.

Спогодбата, што двете страни се надеваат да ја завршат кон крајот на 2014 година, би можела да создаде огромен пазар без царини, квоти и веројатно ќе биде на рамноправни партнери, за да ги укине разликите во регулирањето, што често ја оневозможуваат трговијата на повеќе производи, забележува ДПА.

Инасио Гарсија Берсеро ја води делегацијата на ЕУ во овонеделните преговори, а на чело на американската екипа е Дан Малани. Помали работни групи ќе разгледаат над 15 прашања, што се движат од земјоделието до интелектуалната сопственост, енергетиката и суровините.

Меѓу најспорните прашања во земјоделската сфера се правилата за етикетирање на генетски модифицираните производи, што се забранети во ЕУ, како и европската забрана за користење хормони за раст кај одгледувањето добиток и на таканаречените хлорирани пилиња.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД