САД го шпионирале и Володимир Зеленски

Од:

Американскиот Си-Ен-Ен објави дека имал пристап до 53 документи протечени од Пентагон, кои се чини дека биле направени помеѓу средината на февруари и почетокот на март, а во кои, меѓу другото, се наведува дека САД го шпионирале претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Тоа не е изненадувачки“, изјави извор близок до Зеленски.

Сепак, Си-Ен-Ен објави дека украинските власти се длабоко фрустрирани од протекувањето. Во извештајот на американското разузнавање се наведува дека на крајот на февруари Зеленски „предложил напад на руски локации во руската област Ростов“ со помош на беспилотни летала, бидејќи Украина нема оружје со долг дострел способно да испорача толку многу.

Разузнавачките информации би можеле да го оправдаат ставот на Вашингтон, кој не сака да и даде на Украина ракетни системи со долг дострел, поради стравот дека Киев би можел да ги искористи за напад на руска територија, но Украинците ветија дека нема да го сторат тоа. Минатата недела во јавноста протекоа разузнавачки податоци на Пентагон, каде, според странските медиуми, наводно се гледа дека САД шпионирале, не само спротивставени земји, туку и сојузници.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

„Нема да не спречат да ја постигнеме нашата цел во Украина“: Русија одговори на заканите од Трамп со санкции

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Новата рунда преговори Украина-САД во вторник во Саудиска Арабија