САД ги искритикува антиеврејските ставови на претседателот на Египет Морси

Од:

Владата на САД остро ги искритикуваа зборовите на египетскиот претседател Мухамед Морси, искажани пред три години, кога бил еден од лидерите на организацијата „Муслиманско братство“, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се портпаролот на Белата куќа Џеј Карни.

Повод за овие критики е видео клипот, објавен на интернет страницата на весникот „Њујорк тајмс“. Клипот е од 2010 година, кога Морси бил еден од лидерите на „Муслиманско братство“. Во видеото тој ги повикува своите сонародници „да ги задојат своите деца и внуци со омраза“ кон евреите и ционистите.

Во телевизиско интервју, неколку месеци подоцна, Морси ционистите ги нарекува „крвопијци, кои ги напаѓааат Палестинците… тие распалуваат војни, тие се потомци на мајмуни и свињи“.

-Тоа се длабоко навредливи зборови, изјави Карни пред новинарите. „Ние категорично ги отфрламе, а го отфрламе секој обид да се насади религиозна омраза“, рече Карни во одговорот на прашањето како го коментира кажаното во клипот.

Портпаролот на Белата куќа го повика Морси, кој во јуни минатата година беше избран за шеф на државата, „јасно да каже дека ги почитува луѓето од сите вероисповеди и дека неговата реторика е недозволива во демократски Египет“.

Карни, меѓутоа, подвлече дека како претседател Морси учествувал заедно со Вашингтон во напорите за склучувањето на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа. Освен тоа, додаде Карни, Морси вети дека ќе го почитува мировниот договор меѓу Египет и Израел.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски