САД бараат итно вклучување на Турција во борбата против ИД

Од:

Белата куќа синоќа соопшти дека е неопходно Турција под итно да почне да пружа воена помош на борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), особено при судирите во сирискиот пограничен град Кобане.

Како што јави ТАСС, ваквото барање на САД е изнесено во соопштението на Белата куќа издадено по средбата на советникот на американскиот претседател Барак Обама за национална бебзедност Лиса Монако со началникот на турската разузнавачка служба Хакан Фидан.

Средбата меѓу Монако и Фидан е една од серијата разговори меѓу Вашингтон и Анкара посветени на турската поддшка на умерените бунтовнички сили во Сирија.

На разговорите Монако се заблагодарила за поддшката што Турција им ја пружа на американските воени операции во Ирак и Сирија и го потенцирала значењето на турската помош во напорите за „ослабување и во крајна линија уништување на ИД“.

Монако посочи и дека треба да се иницра соработка меѓу безбедносните сили на Ирак и умерената сириска опозиција и нагласи дека е потребно да се преземат дополнителни мерки за зајакнување на безбедноста на турско-сириската граница и за пресекување на каналите за премин на странски борци и терористи од Турција во Сирија и обратно, се додава во соопштението на Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски