Саакашвили останува без украинско државјанство

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко издаде наредба за одземање на украинското државјанство на поранешниот претседател на Грузија Михаил Саакашвили, соопшти Имиграционата служба на Украина.

Токму Порошенко му го додели украинското државјанство на Саакашвили, кога го именуваше за гувернер на Одеса во мај 2015 година. Во меѓувреме односите меѓу двајцата политичари се заострија, а Саакашвили во ноември минатата година поднесе оставка и формираше партија која започна со борба против Порошенко. Одземањето на државјанството ќе значи крај на неговите политички амбиции, наведуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

Грузија воведе контроверзен закон, САД реагираа: Воведуваме визни ограничувања за Грузијците

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти