Руските воени мини вo Црно Море се приближуваат кон брегот на Бугарија

Од:

Морските мини, поставени од руската војска на брегот на украинскиот приморски град Одеса, во водите на Црно Море невремето ги однело и сега слободно пловат, соопшти поморската администрација во бугарскиот град Бургас.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во водите на Варна и Бургас постои потенцијална опасност за бродовите и рибарските чамци.

Бугарските власти постојано ги надгледуваат морските граници на земјата, како и курсовите на пловење на сите пловни објекти во територијалните води Црното Море.

Според поморската администрација во Бургас, мините можат да стигнат до бугарските води за 10 дена, а доколку тоа се случи, тие ќе бидат доста далеку од брегот, но се уште има услови за опасност.

Гувернерот на регионот на Бургас денеска ќе се сретне со институциите за да процени како да се заштитат поморските граници на Бугарија. Подготвени се и бугарските поморски сили, но во моментов нема директна опасност за луѓето.

Бугарските власти се уште немаат целосни информации за бројот и видот на мините, но, сепак, поради нивниот однос со рибарскиот сектор вчера биле цел ден во комуникација со двете големи здруженија за тие да ги предупредат своите бродови на внимателност.

-Од друга страна, има постојан контакт со Центарот за мониторинг на рибарството во Бугарија и известуваат дека времето е лошо поради невремето, објасни Христо Панајотов, извршен директор на Бугарската агенција за рибарство и аквакултура и додаде дека од тие причини во тој регион засега нема рибарски бродови и чамци.

Поморксите власти во Бургас и Варна вчера веќе упатија повик доколку видат веднаш да ги пријават сите големи тркалезни метални предмети до поморската администрација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот