Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Од:

Украинците се „колективни трансродови“ Руси, кои својата етничка припадност ја замениле со апстрактна, измислена, апсурдна алтернатива, изјави рускиот филозоф, политиколог и социолог Александар Дугин.

Според него, глобалистите им се восхитувале на Украинците, ги опсипувале со пари и внимание, нивната суровост кон рускиот народ ја воспевале како херојство и „ги следеле наоколу како со јаболко од окото“.

„И потоа преку ноќ ќе се претворат во она што отсекогаш биле. Патетични, глупави, неверни губитници без љубов. Националисти без нацијa. Екстремисти без идеологија. Кучиња кои напаѓаат други земји. Без трошка стил, култура или рационалност“, рече Дугин.

„Го разбираме ова и се бориме против тоа. Не се бориме против Украинците, туку за нив. За тие да останат луѓе, односно рускиот народ. Во спротивно, ќе паднат во транс. Кастрација, промена на идентитетот, што е уште полошо од промената на полот. Но, сега Западот почнува да го забележува тоа“, додаде тој.

Дугин оцени дека Украинците, како и трансродовите луѓе во САД, веќе никому не му се потребни и дека Западот наскоро целосно ќе ја сврти таа страница од историјата.

Би можело да ве интересира

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Во руски напад врз Криви Рих загина медицинска сестра – 20 луѓе се ранети

А1он

1.144 деца загинаа или се повредени годинава во Украина

А1он

Париз би можел да ја промени политиката кон Москва и Киев по претседателските избори

Русија изврши масовен напад врз Киев и неколку украински региони, оштетени се три моста

Горан Наумовски

Рјабков: Членството на Украина во НАТО е неприфатливо