Руските туристи во Турција масовно купуваат лекови поради пониски цени, најбарани се антидепресивите

Од:

Руските туристи во соседна Турција прво ги напаѓаат аптеките и дури потоа уживаат во одморот, покажа истрагата на турските медиуми. Причината се значително пониските цени на лековите – сектор кој трпи од санкциите што Западот ги воведе кон Русија.

Меѓу 20 и 40 отсто ги зголемиле цените на лековите во Русија од почетокот на војната во Украина, соопшти руската статистичка служба „Росстат“, но поголем проблем е недостигот на одредени лекови. Поради зголемената побарувачка од руските туристи, околу хотелите со 5 ѕвезди на брегот на Егејското и Средоземното Море се отворени голем број нови аптеки, пренесува весникот „Хуриет“.

Во одморалиштата Анталија и Мугла, фармацевтите веќе ги научија турските еквиваленти на руските лекови. Антидепресиви, лекови против болки и лекови за дијабетес се најбарани.

Некои Руси кои сакаат да го поевтинат одморот се свртуваат кон социјалните мрежи. Таму најавуваат дека ќе отпатуваат за Турција и бараат контакт со луѓе на кои им треба лекови и се надеваат дека на овој начин ќе ги покријат трошоците за одморот.

А руските медиуми пишуваат дека царинските служби во Русија едноставно го игнорираат тоа во куферите на Русите што се враќаат.

Во периодот од јануари до јули, Турција ја посетиле 2 милиони и 200 илјади Руси. За споредба, лани нивниот број за истиот период бил 1,5 милиони. А Анталија е најомилено место на Русите – само од 1 до 17 август таму биле 524 илјади Руси.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Два лека од оние што недостасуваа пристигнаа на Онкологија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски