Руските мигови ќе тргнат против исламска држава, поддршка и од Саудиска Арабија

Од:

Владимир Путин, според тврдењето на „Blumberg” се подготвува да покрене воздушни напади против Исламска држава во Сирија, дури и ако САД одбијат да ги здружат силите со руските трупи во акцијата. Поддршка за руска акција стигнала и од Саудиска Арабија која се согласила со предлогот на Путин, Башар ал Асад да остане претседател на Сирија во преодниот период доколку му бидат одземени сегашните овластувања.

Во дипломатската офанзива, претходно Путин во понеделникот се сретна со премиерот на Израел, бенјамин Нетанјаху, а ден потоа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Според пишувањето на американските агенции, веднаш после тоа постигнат е договор и со Саудиска Арабија.

Анвар Ешки, пензиониран саудиски генерал кој сега го води Блискоисточниот центар за стратегиски и правни студии во Џеда, тврди дека Саудиска Арабија која ги поддржува сириските бунтовници, е подготвена да го прифати рускиот предлог за Асад како преоден претседател без државни овластувања.

-Ангажманот на Русија во Сирија ќе помогне да се обезбеди стабилност во регионот и да се зголемат шансите да се порази Исламска држава, вели Ешки и додава дека сириската опозиција треба “да ја стави својата рака во раката“ на Русија.

Потврда дека ова е епилогот од руската дипломатија, е договорот на сириските бунтовници со војската на Асад, да прогласат шестмесечен прекин на огнот и да не се напаѓаат во следниот период.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски