Руски дипломати тврдат дека имаат целосна контрола над случајот со притворениот хакер во Прага

Од:

Руските дипломати го имаат под „целосна контрола“ случајот со наводниот хакер Евгениј Никулин, кој беше уапсен во Прага на почетокот на октомври.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, ова го пренесоа локалните медиуми, повикувајќи се на официјалното соопштение од руската Амбасада во Чешка, која претходно до чешките власти упати барање да биде овозможено уапсениот да биде префрлен во Русија.

Никулин, беше задржан на 5 октомври од страна на чешката полиција во соработка со американското Федерално истражно биро (ФБИ) врз основа на меѓународна потерница и тој наводно е одговорен за масовен напад на социјалната мрежа Линкедин во 2012 година.

Тој се уште се наоѓа во притвор и чека на одлука на прашкиот суд во врска со неговата екстрадиција во САД.

Конечната одлука потоа ја има чешкиот министер за правда Роберт Пеликан.

– Ситуацијата околу Евгениј Никулин го потврдува ставот на Вашингтон, кој организираше лов на руски државјани по целиот свет и ја наметнува својата јурисдикција на туѓите земји, смета Амбасадата на Русија во Прага.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе направи се што е во негова моќ ѕа да не биде предаден наводниот хакер на САД.

Во минатото, Москва остро протестираше против задржување на нејзините граѓани во странство и екстрадирање на САД сметајќи дека тоа е класично киднапирање.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија