Руски авион се урна во Судан, најмалку 20 жртви

Од:

Руски товарен авион „Антонов“ се урна непосредно пред слетување во престолнината на Јужен Судан, Џуба.

-Во падот на авионот има преживеани две лица, меѓу кои и едно дете. Авионот летал до градот Палоч. Засега има над 40 жртви, меѓу кои 12 члената посада, патници и луѓе кои се нашле во близина на падот на авионот, соопштуваат светските агенции.

Портпаролот на претседателот на Јужен Судан, Атени Век потврди дека има само две лица кои ја преживеале несреќата. Тој потенцираше дека во авионот имало 20 луѓе, односно екипажот и 10 до 15 патници, додека се уште не е познат бројот на луѓето кои погинале на земја.

Руските медиуми информираат дека во авионот имало петмина Руси.

Според медиумите во Судан, задниот и други делови на авионот се расфрлани по брегот на реката Бел Нил. Полицаец од Судан изјави дека на местото на падот имало цивили, па стравува дека бројот на погинати е најмалку 41. Таа информација засега не е потврдена.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија