Руска фармацевтска куќа објави колку ќе чини вакцината против Ковид-19

Од:

Руската вакцина против Ковид-19 ќе чини 10 долари за две дози, најави раководителот на управниот одбор на фармацевтската компанија „Р-Фарм“, Алексеј Репик, за националната телевизија „Русија-24“.

Репик соопшти дека постои веројатност првата серија на вакцините да биде поскапа, но дека истата нема значително да се разликува од предвидената цена.

Презентирање на новата руска вакцина против Ковид-19 во Националниот центар за епидемиологија и микробиологија „Николај Гамалеја“ во Москва

Тој истакна дека цената на вакцината ќе биде пониска кога производството ќе ги достигне планираните индустриски количини.

Од руската фармацевтска компанија велат дека се задоволни од интересот кои го пројавиле граѓаните за да ја примат вакцината против Ковид-19.

Тие, исто така очекуваат вакцината да биде извезувана од Русија во што е можно повеќе земји ширум светот со цел да се стави крај на смртоносниот вирус.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски