Русите направија нова вакцина „Спутник Лајт“ која се прима во само една доза

Од:

Новата верзија на руската вакцина Спутник V ќе се појави во февруари, објавија од компанијата на Твитер.

Оваа соопштение следуваше откако американската компанија Џонсон и Џонсон објави дека ефикасноста на нивната вакцина која се дава во една доза варира од 69 до 85 отсто.

„Резултатите се покажаа добро. Вакцината Џонсон и Џонсон е во суштина само првата доза од Спутник V. Ние исто така ќе инсистираме на еднократно вакцинирање во февруари. Ја нарековме Спутник Лајт“, напишаа творците на руската вакцина.

Шефот на рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитријев изјави дека новата верзија на вакцината ќе биде наменета во главно за странскиот пазар, односно поради полесната примена ќе биде ориентирана кон местата на кои постојат жаришта од коронавирусот.

„Спутник Лајт може да послужи како ефикасно привремено решение за многу земји кои го доживуваат врвот на епидемијата“, изјави Дмитријев.

Поедноставната верзија на Спутник V на 11 јануари доби дозвола за клинички испитувања од руското Министерство за здравство.

Испитувањето се спроведуваше на 150 доброволци, во три здравствени институции.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека постои полесна верзија на руската вакцина против Ковид-19. Тој рече дека оваа нова вакцина ќе има пократок ефект, но дека овозможува вакцинација на поголем број луѓе.

„Ако личноста се зарази по примената доза на Спутник Лајт, нема да развие тежок облик на болеста. Вирусот нема да се спушти на белите дробови, туку ќе биде само помала настинка“, рече Александар Гинтсбург, шеф на „Гамалеја“.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски