Русите бегаат во Белорусија: Оставивме се зад себе, се криеме, опасно е да се остане овде

Од:

Заедно со Грузија и Казахстан, Белорусија стана една од земјите во кои бегаат Русите кои од различни причини не сакаат да војуваат против Украина. Агенциите за недвижности и станоиздавачите се првите во Белорусија кои се справуваат со Русите кои набрзина бегаат од својата земја – поради наредбата за „делумна мобилизација“ на претседателот Владимир Путин, пишува Дојче веле.

Аљона (сите имиња во текстот се сменети од безбедносни причини) живее во Минск и поседува неколку станови. Таа вели дека приливот на Руси сега е многу голем. Аљона претпоставува дека за становите се особено заинтересирани млади мажи, кои очигледно не сакаат да војуваат.

„Не доаѓаат илјадници или десетици илјади, но побарувачката е сè уште огромна“, вели таа. Ситуацијата донекаде ја потсетува на 2014 година, кога во Минск се одржа Светското првенство во хокеј на мраз.

„Тогаш дојдоа многу фанови, особено од Русија. Хотелите и апартманите беа однапред резервирани бидејќи големата побарувачка беше предвидлива. Тоа не може да се каже сега“, вели Аљона.

Цените за изнајмување значително се зголемија во последните денови, и тоа не само во центарот на Минск. „Дури и во предградијата тешко може да добиете стан за помалку од 100 белоруски рубљи (околу 40 евра) дневно“, вели таа. Според неа, подобрите локации веќе чинат повеќе од 100 евра.

Аљона нагласува и дека во Минск речиси и да нема достапни станови, бидејќи Русите обично изнајмуваат стан за една недела, а некои и за цел месец. Ова, пак, доведе до зголемена побарувачка за станови и куќи во малите градови околу белорускиот главен град.

Антон кон крајот на минатата недела пристигна во Брест од Санкт Петербург. Семејството се консултирало и одлучило дека како воен регрут би било подобро да ја напушти државата во сегашната ситуација.

“Покрај Белорусија, не размислував за друга можност бидејќи имам тетка која живее во близина на Брест. Тоа го реши и проблемот со сместувањето. Сакав да барам работа за да можам да добијам дозвола за престој. Но во Белорусија има гласини дека може да има мобилизација и дека Русите кои избегале од земјата би можеле насилно да бидат вратени (како дезертери)“. Оставивме се зад себе, се криеме, опасно е да се остане овде, вели Антон.

Тој избегнува да разговара за војната во Украина и зборува само за „конфликтни информации“ од завојуваните страни. Во исто време без ентузијазам се сеќава на својата воена служба. „Во раните 1990-ти, бев регрутиран во ракетните трупи. Морав да направам се што е можно таму, но тоа не беше борбена обука. За мене, тоа е изгубен дел од животот“, вели тој.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков