Русија воведе санкции за 313 канадски граѓани, меѓу кои и премиерот Трудо

Од:

Како одговор на канадските санкции, Русија стави „црна листа на 313 канадски граѓани“, меѓу кои премиерот Џастин Трудо, министрите за надворешни работи и за одбрана Мелани Џоли и Анита Анан, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

„Како одговор на новите санкции наметнати од официјална Отава …Русија од денеска, 15 март, ја дополнува својата листа на луѓе кои имаат забрана за влез во земјата“ со премиерот Џастин Трудо, министрите за надворешни работи и одбрана Мелани Џоли и Анита Анан“, се наведува во соопштението.

Како што се додава, руската црна листа го вклучува „мнозинство членови на Долниот дом на канадскиот Парламент“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални