Русија усвои закон за доживотен затвор за педофили

Од:

Руската Државна Дума денеска на трето читање едногласно го усвои предлог-законот со кој се предвидува доживотен затвор за педофили на кои веќе им се судело за насилство врз малолетници, како и за првпат извршено насилство врз две или повеќе лица помлади од 18 години.

dobivaj vesti na viber

Максималната казна предвидена во документот ќе биде изречена за повторени дела на сексуално насилство врз малолетници. Доживотни казни се предвидени и за лица кои за вакво дело првпат се гонети, а жртви им се две или повеќе лица, како и во случаи кога делото е придружено со друго тешко или особено тешко кривично дело.

Со измените од второто читање пратениците прецизираа дека доживотен затвор ќе се изрече за особено тешки кривични дела против половиот интегритет на сите малолетни лица, а не само на лица помлади од 14 години, како што е сега.

– Судот сега има можност засекогаш да изолира криминалец педофил од општеството, рече Ирина Панкина, прв заменик-претседател на парламентарна комисија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Реакција на Кремљ за првата пресуда против руски војник за воени злосторства во Украина

Полска го откажа договорот за гас со Русија

Брнабиќ: Русија го прави она што некои други земји ни го направија нам во 1999 и 2008 година

Британија: Русите за три месеци војна имаат загуби како за девет години во Авганистан

Катерина Павлова-Николовска

Фон Фрич: Путин се обидува да предизвика глад во Африка и Блискиот Исток и дестабилизација на Европа

Ана Ололовска

Дали се подготвува меѓународен конфликт? Јасно предупредување