(ВИДЕО) Русија: Украинците ослободија девет наши затвореници

Од:

Девет руски воени заробеници се ослободени денеска како дел од размената со Украина, јавија руските новински агенции, повикувајќи се на Министерството за одбрана.

„Девет руски војници чиј живот беше во опасност во заробеништво се вратени од територијата под контрола на режимот во Киев“, се вели во соопштението на Министерството.

Во размената на затвореници беа ослободени 12 Украинци, меѓу кои и тројца цивили

Имаше размена на затвореници меѓу Украина и Русија, при што беа ослободени девет Руси. Сега е потврдено дека 12 Украинци, меѓу кои и тројца цивили, се ослободени.

„Во текот на минатата недела успеавме да вратиме 98 Украинци. Работиме на ослободување на сите наши луѓе. Не запираме“, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ