Русија стави вето на резолуција на ОН која климатските промени ги поврзува со безбедноста

Од:

Русија денеска стави вето на резолуција на Обединетите нации, прва од ваков вид, со која климатските промени се претставени како закана за меѓународниот мир и стабилност.

Нацрт-резолуцијата ја изготвиле Ирска и Нигер и во неа се бара „вклучување на информации за безбедносните импликации од климатските промени“ за да може Советот за безбедност на ОН „да посвети соодветно внимание на сите основни причини за конфликт или зголемување на ризикот“.

Од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така е побарано да ги направи ризиците за климатската безбедност „централна компонента“ на стратегијата за спречување конфликти и да поднесе извештај за тоа како да се решат ризиците во одредени жаришта.

Од 193 членки на ОН, 113 го поддржаа предлогот, вклучително и 12 од 15-те членки на СБ.

Сепак, Индија беше против, Москва стави вето, а Кина беше воздржана.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија