Русија стави вето на предлог-резолуцијата за употребата на хемиско оружје во Сирија

Од:

Русија стави вето на предлог-резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации, со што го спречи обновувањето на мандатот на мисијата која ја испитува употребата на хемиско оружје во Сирија.

Истрагата на ОН и на Организацијата за забрана на хемиско оружје – позната како Заеднички истражен механизам – беше едногласно формирана од 15-члениот Совет за безбедност на ОН во 2015 година и обновен во 2016 година за уште една година.

Нејзиниот последен извештај треба да биде презентиран в четврток, а мандатот на мисијата истекува во средината на ноември.

Кина се воздржа при денешното гласање, додека Боливија се приклучи на Русија во гласањето против. Единаесет земји гласаа за текстот на предлог-резолуцијата со која требаше да се продолжи мандатот на ова тело за контрола на хемиското оружје во Сирија за уште една година.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов