Русија со обвинувања до Саудиска Арабија за вооружување на терористи и екстремисти во конфликтот во Сирија

Од:

Русија ја обвини Саудиска Арабија дека „финансира и вооружува терористи и есктремистички групи“ во конфликтот во Сирија.

Соопштението од руското МНР е реакција на критиките од Ријад до Москва дека учествува во „геноцид над сирискиот народ“ со продавање оружје за режимот на претседателот Башар Асад.

– Ние немаме намера да се правдаме пред кого било, се вели во соопштението на руското МНР. Тие обвинуваат „редица држави вклучително и Саудиска Арабија дека не се срамат да користат повеќе сомнителни методи меѓукои и финансирање и снабдување со оружје на меѓународни терористи и екстремистички групи“.

Русија повикува тие акции веднаш да бидат прекинати.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија