Русија се противи на можната одмазда за нападите на Саудиска Арабија

Од:

Русија соопшти дека е неприфатливо да се зборува за евентуална одмазда за нападите врз саудиските нафтени постројки и ги повика земјите во регионот и пошироката меѓународна заедница да не брзаат со заклучоци. Тие тврдат дека е контрапродуктивно да се користи тој инцидент за да се зголемат тензиите со Иран.

– Веруваме дека е контрапродуктивно да се искористи она што се случи за засилување на тензиите околу Иран во согласност со добро познатата американска политика. Предлозите за преземање строги мерки за одмазда, за кои се дискутира во Вашингтон, се уште понеприфатливи, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Русија смета дека размената на напади врз цивилни цели е „директна последица на жестокиот воен конфликт и политичката криза во Јемен“.

Кремљ ги повика земјите од Блискиот исток и пошироката меѓународна заедница да не брзаат со заклучоци во врска со тие напади.

– Ги повикуваме сите земји да се воздржат од какво било дејствие или избрзан заклучок што може да ја влоши ситуацијата, туку напротив, да заземат став што ќе придонесе за нејзино смирување, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој најави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да оствари официјална посета на Саудиска Арабија во октомври. – Датумот ќе биде објавен подоцна, рече Песков.

Би можело да ве интересира

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД