Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

Од:

Амбасадата на Русија во Велика Британија денеска предупреди дека секој воен потег на Велика Британија или НАТО против руска територија би бил пречекан со одговор со сите расположливи средства, вклучително и нуклеарно оружје.

„Оние кои ги застапуваат плановите за блокада или напад на Калининград не треба да имаат илузии за последиците. Секоја воена акција на Велика Британија или НАТО против руска територија ќе биде пречекана со одговор со сите расположливи средства, вклучително и нуклеарно оружје“, се наведува во соопштението на амбасадата објавено на Телеграм, пренесе агенцијата ТАСС.

Амбасадата реагираше на текст на британскиот весник „Ај Пејпер“ за можноста НАТО да го блокира Калининград, како и на прилог на телевизијата Скај њуз за хипотетичко сценарио на воен конфликт.

Од руското дипломатско претставништво истовремено порачаа дека Москва не се стреми кон конфронтација со НАТО и Европа и нема намера да ги нападне, но предупредија дека доколку таков конфликт биде започнат, Русија ќе одговори со „соодветни“ средства.

Текстот на британскиот весник „Ај Пејпер“ се занимава со стратешкото значење на Калининград и можните сценарија за конфликт меѓу Русија и НАТО.

Калининград се наоѓа меѓу Полска и Литванија и е одвоен од остатокот од руската територија со територии на други држави. Во тој регион се наоѓа седиштето на руската Балтичка флота, како и единици на руските вооружени сили.

Посебно внимание кај безбедносните аналитичари привлекува коридорот Сувалки, долг околу 100 километри, на полско-литванската граница. Тој ги поврзува балтичките земји со остатокот од територијата на НАТО и го одвојува Калининград од Белорусија.

Полска и Литванија во последните години го засилуваат планирањето на одбраната на ова подрачје како дел од подготовките за различни можни безбедносни сценарија на источното крило на НАТО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин