Русија: Постои добра шанса да се постигне договор со Иран

Од:

Русија верува дека постои добра шанса светските сили да постигнат договор со Иран во врска со спорната иранска нуклеарна програма до 24 ноември, кога е крајниот рок за постигнување договор, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

– Не гледаме на можноста да не се постигне договор до 24 ноември. Фокусирани сме целосно на задачата пред нас и шансата што ја имаме, која не е мала. Не смее да ја пропуштиме можноста, изјави Рјабков.

Западните сили веруваат дека иранската нуклеарна програма има за цел создавање нуклеарно оружје, додека Техеран тврди дека програмата е за мирни цели.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија