Русија: Нема да користиме нуклеарно оружје во Украина

Од:

Кремљ во неколку наврати порача дека не планира да користи нуклеарно оружје во Украина, а сега тоа го повтори и Алексеј Зајцев, портпарол на руското Министерство за надворешни работи.

Заицев денеска изјави дека употребата на нуклеарно оружје, ризик за кој западните официјални лица постојано предупредуваат, „не е применлива за специјална воена операција“, како што Кремљ ја нарекува украинската инвазија.

Неколкумина западни функционери и аналитичари предупредија дека Владимир Путин, поради неможноста да го скрши жестокиот отпор на Украинците, би можел да прибегне кон некој вид нуклеарен удар. Најчесто се споменуваше тактичко нуклеарно оружје.

Минатиот месец, директорот на ЦИА, Вилијам Барнс рече дека, со оглед на загубите што Русија ги претрпе во Украина, „никој не треба да ја сфаќа лесно заканата од можната употреба на тактичко нуклеарно оружје“.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област