Русија најави дека во септември ќе почне да произведува вакцина против Ковид-19

Од:

Русија планира во септември да почне да произведува вакцина против новиот коронавирус откако ќе завршат клиничките испитувањеа во јули и лекот добие дозвола во август.

– Вакцината во моментот клинички се испитува на доброволци, изјави заменичката на рускиот премиер Татјана Голикова.

Рускиот Национален истражувачки центар Гамалеја за епидемиологија и микробиологија во мај соопшти дека разви вакцина проти Ковид-19.

– Вакцината нема нуспојави. Научниците од Институтот вакцината прво ја испитаа на животни, а потоа на себе, истакна директорот на Институтот, Александар Гинзбург.

Вакцината сега се испитува на 50 војници доброволци во Воено истражувачки центар во московскиот регион. Тестирањето треба да биде завршено до крајот на јули.

– На пронаоѓање на лек за Ковид-19 во Русија независно работат седум истражувачки институти, а три проекти се ветувачки, посочи Голикова.

Праксата во светот покажува дека е потребна една година за да се развие вакцина и истата да се најде во продажба.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија