Русија меѓу Иран и Израел

Од:

Правда – Москва

Развојот на ситуацијата во Сирија и околу неа очигледно ја води во нова фаза политиката на Русија. Станува збор за формирање на пријателско регионално опкружување, неопходно за трајно уредување на земјата. Меѓу најважните задачи тука се истакнува работата за измазнување на противречностите меѓу Израел и Иран. Ако успее Кремљ да најде задоволително решение, тоа ќе создаде услови за долгорочно уредување во целиот регион.

Сирија отсекогаш се гледа како арена каде се судираат интересите за мноштво надворешни играчи. Факт кој до голема мера е услов и за колку продолжената толку и ожестената граѓанска војна во ова арапска земја. Тоа ги наметнува како неопходни узлови за деескалација на конфликтот што е можно повеќе да се стесни бројот на надворешни учесници со цел да биде обезбедена шанса за компромис. Во идеален случај треба да зборуваме за двата главни противници, чии интереси треба да бидат хармонизирани преку посредувањето на трета, влијателна сила.

Ако ги погледнеме дејствијата на Русија во Сирија, нема зошто да не признаеме дека Москва ги насочува нештата токму кон посебен вид на „триаголник“, вешто користејќи ја специфичноста на моментот. Проценете сами: прво од „сириското решение“ настрана е тргната ЕУ. Европа е заглавена во избори и не може да мисли на ништо друго.

Второ, суштински е понижена активноста на САД – новиот претседател се уште не се изјаснил што сака во Сирија и што ќе прави таму.

Трето, од повеќе аспекти е неутрализирана и Турција, силно ослабена од минатогодишниот обид за преврат и репресиите кои следеа против армијата и структурите за безбедност. Освен тоа, Анкара е целосно ангажирана за претстојниот референдум за уставна реформа: постојат показатели дека тоа може да стане нов дестабилизирачки фактор за земјата.

На крај, петто, значително е пониско нивото на кое се вклучуваат во сириската ситуација арапските држави од Персискиот Залив. Тие отворено се стремат да ја отфрлат одговорноста за иднината на Сирија, и се фокусираат на контрадејствие против Иран на еден широк фронт.

Како што изгледа, од сите различни надворешни играчи на сириската арена, Москва треба да води сметка за два, но тоа се и најсериозните: Иран и Израел.

Тие два регионални играчи одамна разигруваат интересна партија – се стремат да ја прекројат структурата на блискоисточниот регион така што ќе управуваат со ситуацијата преку механизмите на еден вид „студена војна“. Тие веќе остварија сличен план во 60-ите и 70-ите години од минатиот век, пред исламската револуција во Иран. На времето, Иран под шахот и Израел развија со заеднички напори ракетно-атомски оружја.

Оттогаш, Израел се здоби со ракети „Ерихон“ и атомски боеви глави (чие постоење всушност не е официјално потврдено). Аналогични „играчки“ има во својот арсенал и Исламска република – таа исто поседува ракети и исто одрекува дека располага со атомски оружја.

Така вооружени, Тел Авив и Техеран взаемно учествуваат во спектаклот под наслов „Страшно сум лут!“ и редовно си разменуваат закани. Се стигна до таму што проблемот во односите меѓу Иран и Израел постепено станува главен за целиот регион. Или барем за Сирија.

Не случајно, премиерот на Израел, Нетанјаху, неодамна во Москва го убедуваше рускиот лидер Путин да влијае кај Иранците за да не ги вооружуваат своите сириски сојузници – шиитите од партијата Хезболах со модерни оружја. Инаку Израелците нема да можат да се воздржат и да не се мешаат во сирискиот конфликт.

Со сигурност не станало збор само за оружјата на Хезболах; најверојатно Нетанјаху го замолил Путин да издејствува и намалување на целата иранска поддршка за таа партија. И многу е интересно дека наскоро по тоа арапскиот печат регистрираше значително кратење на средствата за Хезболах, што истовремено се одрази на пример, на медиумите кои се под нејзина контрола, принудени нагло да ги спуштат гардовите и тиражите.

Со други зборови, Москва изгледа ја прифатила со разбирање молбата на Нетанјаху и постепено прави соодветни чекори. Многу е веројатно таа дејност да продолжи со оглед на претстојната посета во март на иранскиот претседател Рохани на Русија. Не смееме да ја исклучиме дека Путин сака да издејствуав од него посуштински отстапки за да го убеди Израел дека е ефикасен посредник.

Но Изралеците решија „да го подигнат влогот“ – на крајот на минатата недела авиони од нивната воена авијација уште еднаш нападнаа цели на сириска територија за да нанесат удари по позициите на Хезболах и по складовите со модерни оружја. До тогаш, слични операции се спроведуваа доста редозвно, без да тревожат кого било, освен нормално со исклучок на официјален Дамаск.

Но овојпат врз израелските авиони беше стрелано од сириската против-воздушна одбрана, по што амбасадорот на Израел беше повикан да објаснува во руското министерство за надворешни работи. Тоа е категоричен знак дека израелскиот напад ја изненадил Москва. Тука може лесно да се забележи обид за притисок пред посетата на иранскио лидер: Еј, господа руси, убаво притиснете го Рохани инаку нема повеќе да го прифаќаме со слично разбирање вашето дејствување во Сирија.

Сепак останува прашањето што ги принудило Израелците да го спроведат воздушниот напад токму сега. Па нели пројавија „креативна иницијатива“ а со бомби уништија нешто кое реално не им е закана. Сепак „иницијативи“ од тој вид понекогаш излегуваат многу скапи – раководството и армијата на Израел одлично рабираат дека сириската војна не ја засега нивната земја само заради напорите на Русија.

И се остварува матниот сомнеж дека Израел одговорил со воздушен напад на некаква провокација од страна на сили кои се контролирани од Иран. Моментот е претерано смислено избран – помеѓу посетата на Нетанјаху на Москва и таа на Рохани (кој впрочем може наскоро да ја напушти позицијата затоа што Итан е на само неколку недели пред претседателски избори). Целата работа неопходно бара проверка – како ќе дејствува Русија при незапирлива ескалација на тензиите меѓу Израел и Хезболах? Против кого и со кои средства?

А истовремено пред Москва беше демонстрирано дека успехот на нејзината стратегија во Сирија доста силно, ако не и во решавачка мера зависи од играта која ја водат Тел Авив и Техеран. Ништо чудни нивните интереси во Сирија силно да се совпаднат – и двете престолнини имаат интерес од слаба Сирија, која ќе остане да служи како арена на нивното безбедносно сопреништво, приморувајќи ги арапските држави се повеќе да се претворат во второстепени играчи.
Затоа, претстои да следиме со интерес како ќе одговори Москва.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста