Русија: Крим сега е поврзан со Донбас

Од:

Заменик-гувернерот на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, рече дека полуостровот сега е поврзан со копнен коридор со областите на сепаратистичката област Донбас во источна Украина, објави руската новинска агенција РИА.

РИА го цитира Георги Мурадов, кој рече дека руските сили го окупирале патот од Крим до Мариупол. Украинската страна не ги потврди овие наводи.

Тоа би можело да помогне во испораката на хуманитарна помош за жителите на Донбас, изјави Мурадов, а пренесува РИА.

Во исто време, официјален Киев вели дека руските војници го блокирале конвојот со хуманитарна помош за опколеното пристаниште Мариупол, кое со денови е под руски напади. Сите обиди за евакуација на жителите досега пропаднаа, а конвојот со хуманитарна помош не можеше да стигне до градот.

„Веќе треба да размислуваме за соработка во транспортот на стоки преку поморските пристаништа на Крим и клучните пристаништа на Азовското Море – Мариупол и Бердјанск“, рече Мурадов, пренесува РИА.

Набљудувачите проценуваат дека една од целите на рускиот напад врз Украина е да се воспостави копнен коридор од сепаратистичките региони Донецк и Луганск во источна Украина до полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли