Русија ќе гласа против новата резолуција на ОН за Сирија

Од:

Русија нема да ја поддржи новата резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации за Сирија и ќе гласа против, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се посочува дека подготвената нова резолуција од низа држави, што наскоро е биде ставена на гласање во ОН е слична на претходните две и е еднострана.

Новата резолуција за Сирија, според руското МНР, за трагичниот развој на настаните во Сирија ја обвинува единствено владата и покрај очигледниот факт дека опозициските вооружени групи извршуваат терористички акции.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија