Русија ќе дозволи некои меѓународни летови од 1 август

Од:

Русија од 1 август ќе дозволи некои меѓународни летови, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова, која додаде дека списокот на дестинации за почеток ќе биде ограничен на Танзанија, Турција и Велика Британија.

Меѓународните летови беа приземјени на 30 март, по воведувањето на карантин заради поефикасна борба против ширењето на коронавирусот, од кој досега во земјата се заразија над 800.000 лица.

Голикова кажа дека, со оглед на намалувањето на бројот на заразени, Русија продолжува со летови од аеродромите во Москва, Санкт Петербург и Ростов на Дон. Од 1 август продолжуваат летовите за Лондон во Велика Британија, турските градови Истанбул и Анкара и островот Занзибар, во Танзанија.

-Од 10-ти август ќе бидат додадени повеќе туристички дестинации во Турција, соопшти Голикова.

Таа додаде дека Русија ќе се погрижи продолжувањето на летовите „да не доведе до нови увезени случаи на руска територија“.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија