Русија, Кина, Иран и Сирија во најголемата воена вежба на Блискиот исток

Од:

Иранската новинска агенција „Фарс“ извести дека руските, кинеските, сиријските и иранските војници во наредните недели ќе одржат заеднички вежби на територијита на Сирија.

Според агенцијата овие вежби ќе бидат најголемите на Блискиот исток, зашто било предвидено да учествуваат околу 90 илјади војници, маринци и пилоти. Во вежбата ќе се уклучеле околу 400 авиони и илјада тенкови.

Во извештајот се наводува дека Египет веќе дал дозвола за премин низ Суецкиот канал за 12 бродови на кинеската војска која во следните две недели треба да пристигне на брегот на Сирија. Руските нуклеарни подморници и носачи на авиони, но и ирански борбени бродови ќе пристигнат во исто време.

Сирија во текот на вежбата планира да ги тестира ракетите „земја-вода“ и воздушните одбранбени системи, соопшти иранксата агенција.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски