Русија ја собра првата група волонтери, на кои ќе се тестира вакцина против коронавирусот

Од:

Избрани се првите волонтери на кои ќе се тестира руската вакцина против смртоносниот коронавирус, за потребите на испитувањата кои треба да започнат кон крајот на јуни. Главниот развивач на проектот, Илназ Иматдинов, ќе биде еден од првите на кои ќе се тестира вакцината.

Работата на вакцината започна во февруари во институтот „Вектор“, кој е водечки центар за истражување на вирусологијата и биотехнологијата во Русија. Тој е лоциран во Новосибиск, најголемиот град во Сибир.

Претходно во април истражувачите објавија дека вакцината успешно ги поминала тестирањата на глувци и ластари, при што подготовките за тестирање на луѓе се во полн ек.

Во првата фаза ќе учествуваат 60 луѓе, изјави генералниот директор на институтот за „Русија 1“. Според него, многу луѓе од Новосибирск и други руски региони, се понудиле како волонтери за да помогнат за вакцината.

Тестирањето на вакцината на луѓе, не значи дека Русија веднаш ќе ја има за употреба, бидејќи тестирањето е многу прецизна работа, посебно кога станува збор за тестирање на луѓе, посочи Сергеј Нетсов, поранешен заменик генерален директор на лабораторијата за „РТ“.

Вакцините, освен во Русија, се развиваат и од Кина, САД и други земји.

Волонтерите, кои се здрави лица на возраст од 22 и 28 години, мораат да бидат под надзор најмалку еден месец откако ќе им биде вбризгана вакцината. Во тој период, мора да останат во контат со истражувачите и да известуваат за било каква компликација.

 

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски