Русија ја регистрира вакцината „Спутник лајт“ што ќе се дава во една доза

Од:

Русија ја регистрираше верзијата на вакцината против коронавирусот „Спутник лајт“, што ќе се дава во една доза, соопшти денеска Министерството за здравство.

Русија минатата недела соопшти дека ги завршила клиничките испитувања на „лесната“ верзија на вакцината против Ковид-19 што е „привремено решение“ за помош на земјите со високи стапки на инфекција.

Москва изјави дека вакцината „Спутник V“, која се дава во две дози, ќе продолжи да биде главната вакцина за употреба во Русија.

Досега во Русија со двете дози се вакцинирани нешто над четири милиони Руси, а други два милиона ја примиле првата доза.

Но, генерално, само околу четири проценти од руското население е вакцинирано, што е заостанување зад стапката на вакцинација во другите земји, како САД или Велика Британија.

Рускиот претседател Владимир Путин (68) беше вакциниран минатиот вторник, но не е познато со која вакцина. Својата одлука да се вакцинира без камери, тој вчера ја образложи со изјавата дека „не сака да се глупира“ пред камерите, но, сепак, тој ги повика Русите да се вакцинираат.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски