Русија денеска соопшти дека ќе бидат потребни меѓу осум и 10 месеци за развој на вакцина против коронавирус, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.
„Денес вакцината не може да се развие за краток временски период“, рече рускиот министер Мурашко, додавајќи дека вакцината се развива најмалку осум до 10 месеци и дека тоа подразбира само почетна фаза без клинички испитувања.
Русија и Кина заеднички работат на развој на вакцина против коронавирусот.
Руски и кинески експерти започнаа да ја развиваат вакцината, се наведува во соопштението на официјалната веб-страница на рускиот конзулат во кинескиот град Гуангжу