Русија гради оргомен воен радар на Арктикот

Од:

Во 2017 година на архипелагот Новаја Земја во рускиот дел на Арктикот ќе биде пуштен во употреба радар со широк опсег, кој ќе може да идентификува воздушни и поморски цели на оддалеченост од неколку стотици километри, објави московскиот весник „Роскаја газаета“.

Повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана на Русија, весникот наведува дека изградбата на радарот е во тек, како и дека во негова близина ќе биде изградена и писта на која ќе може да слетуваат сите видови борбени летала.

Според весникот, станува збор за радарски систем кој има многу поголем опсег од класичните радари. Тој ќе има антенски систем долг пет километри и висок пет метри, кој ќе може да идентификува цели во воздухот на оддалеченост од 500 километри и објекти во морската шир на растојание до 400 километри.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија